Nazad, Nazad Kalino Mome - Macedonian Song

By: Screen Rant

702 views

Uploaded on December 19, 2007 by CekoMK Powered by YouTube

Macedonian Folklore Song!

Сузана Спасовска (Suzana Spasovska) веќе 20 години ја негува македонската песна и има снимено над 10 самостојни аудио изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали.
Сузана ја нарекуваат "Сузе Национале", златното грло, славејот македонски. Во својата референца има забележано гостувања скоро низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а може да се пофали со настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински - Загреб, Цанкарјев дом - Љубљана, Брукс центар - Мелбурн, Опера хаус - Сиднеј итн. Сузана носи аманет од легендата на македонската народна песна Васка Илиева, да ја зачува и да ја носи секаде низ светот песната македонска, па така со својата музичка мисионерска дејност, Сузана достојно да ја претставува македонската нација ширум планетата. Таа е легенда на македонската музичка антологија. Раскошот од вокални бои никого не го оставаат рамнодушен, па велат кога таа пее морници му поминуваат по телото на секој слушател, дури и оној кој не го разбира македонскиот јазик. Со невиден ентузијазам и елан таа продолжува како да е на почетокот. Амбициозна, неповторлива, секогаш нова и свежа, полна со изненадувања. Таа е сувенир на нацијата: музички, општествен и национален.

Tags:
Bitola, Gostivar, Macedonia, Makedonija, Ohrid, Prilep, Skopje, Stip, Strumica, Tetovo, Veles, Калино, Македонија, Моме, Назад, Music & Dance

ALSO FROM THIS CHANNEL

Comments on Nazad, Nazad Kalino Mome - Macedonian Song

RECOMMENDED CHANNELS